АТВ авантура во Галичник! До 43% попуст на off-road планинска тура

0 Продадени

3,500.00 ден

Expired product

Незаборавна АТВ авантура во Галичник!

*Со секој купен купон добивате карта за влез во национален парк Маврово

Спореди

ОПИС

Пред да се започнеме турата има карток увод, обука за начинот на кој се вози, положба на тело, и доколку има прашања или потреби на возачот. Бројот на луѓе во една тура за сега е ограничен на 4-ца. Турите се лесни и почетник може лесно да се адаптира и доволно е да се има само авантуристички дух. Во секоја тура е присутен водич. Најпрво поради безбедност и насоки на патот, а потоа и за добра дружба и учење нешто ново за Галичник и Бистра.
На секоја тура добивате безалкохолен пијалок во тек на возењето како и потребната опрема.
Достапни тури:

Тура „Венец“ – ви дава можност за краток период да се запознаете со убавините Бистра и e одлична шанса да го замените градскиот асфалт со чист планински воздух. Турата е во времетраење од 1-1:30 часа и ви нуди прекрасен поглед кон мијачките села и планинските предели.

Патека наречена Говедарник – За сите оние кои сакаат долга авантура и неповторливо доживување. Зошто Говедарник? Заради тоа што во текот на возењето осознаваме што се крие зад карпата. Говедарник и одблиску го гледаме бачилото што го носи истото име. Гледаме каков е животот таму. Одблиску се запознаваме со начинот на кој се доаѓа до познатото галичко сирење и овчото кисело млеко . Особена важност им оддаваме на овчарите кои цела сезона престојуваат токму на тоа место заедно со своите овци. Рутата е долга 21 км со времетраење од околу 3 ипол часа.

За турата Чавкарник – Уникатноста е означена во самото име, добиено поради чавките кои престојуваат во пештерата до бачилото сe до доаѓањето на овците и овчарите. Благодарејќи на пријатната температура, оваа пештера е и местото, каде се чува и созрева сирењето. Оваа тура ви овозможува поблизу да се запознаете со прекрасние предели на планината Бистра и бачилата каде што се прави најдоброто галичко сирење. Турата е долга 33 км, со времетраење од 4 и пол часа. 

0
Preview
Close

Select at least 2 products
to compare