Дестинација Македонија! Шумска планинска тура со јавање коњи на Галичник!

6 Продадени

3,100.00 ден

Expired product

Адреналинска планинска тура на јавање коњи на Галичник за термин по избор!!

 

Вклучено:

  • Обука за јавање коњ
  • Кациги за јавање
  • Јавање
  • Дегустација на јадења (галичко овчо сирење, домашна пита, зеленчук и чашка ракија)

*Времетраењето на целокупното искуство е 4 часа: 2 часа јавање и 1 час обука и 1 дегустација и одмор

*Турите започнуваат од 9:30ч. и 13:30ч

УСЛОВИ

  • Купонот може да се искористи од 30.04.2022 до 31.10.2022
  • Потребно е да закажете јавање 5 до 10 дена претходно на тел. 077 648 679
  • Закажувањето за термините и распоредот на групите се предмет на договор
  • Местото на состанување е ранчот на 1 км. пред селото Галичник / повеке информации ќе добиете при резервацијата
  • Пред почетокот на турата се презентираат основните техники по каубојско јавање
  • Приближно времетраење на целокупното искуство е 4 часа.
  • Во зависност од побарувачката на клиентите турите започнуваат од 9:30ч. и 13:30ч.
  • При резервација ќе биде обезбедено Вашето место во соодветната група
  • Промена на веќе закажан термин е дозволена до 2 дена пред турата! Доколку го откажете терминот 1 ден пред закажаниот термин за јавање купоните се сметаат за искористени и немате право на презакажување на термин
  • Потребна е доплата од 30 ден. по лице за туристичка такса за влез во националниот парк (доплатата се врши на лице место)
  • Напомена: Пред јавањето се потпишува пристапница за јавање
  • Ограничени количини!
  • Доколку резервирате термин, а не се појавите на турата, купоните ви пропаѓаат, односно се поништуваат и средствата не може да се рефундираат.

Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на  традиционално подготвените јадења.

Галичник е планинско село на падините на планината Бистра на надморска височина од 1300-1600 метри и на само 10 км од Мавровското езеро. Заедно со Лазарополе овие две села се двете најголеми и најстари Мијачки села во регионот. Галичник ја има зачувано својата традиционална архитектура и заедно со природната околина  успева да го задржи вниманието на секој посетител како едно од најмагичните места во Македонија. Во минатото економијата на Галичник зависела од производите што ги добивале од своите стада овци. Во овој предел е развиена богата трговија со кавалитетни производи од млеко, месо и волна. Особено ценет прозивод е кашкавалот и белото сирење. Секако не треба да се заборават и локалните специјалитети како што се бакрдан, јогурт и овчо месо.

0
Preview
Close